Еврокомесарот Филе во ненајавена посета на Македонија

Од:

 Еврокомесарот Штефан Филе денеска ненајавено дојде во Македонија на средби со премиерот Никола Груевски, со претседателот Ѓорге Иванов и со лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски.

Евроагендата, реформите, бојкотот на опозицијата на Парламентот во контекст на априлскиот извештај на ЕК за напредокот на Македонија и јунскиот самит на ЕУ, биле теми на средбата со премиерот Никола Груевски, потврдуваат за МИА од Владата.

Станало збор и за случувањата во врска со бојкотот на опозицијата, но во рамките на прогресот и механизмите за продолжување на интеграциските процеси. Од македонска страна е изразена подготвеност и посветеност за продолжување на реформите, како и конструктивност за принципиелно надминување на предизвиците во контекст на европската интеграција на Република Македонија.

Делегацијата на ЕУ во Скопје, соопшти дека еврокомесарот Штефан Филе денеска се сретнал и со претседателот Ѓорге Иванов и со лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски. На сите средби што ги имал биле разгледани подготовките за Пролетниот извештај на Европската комисија за Македонија.

– Комесарот имаше корисни разговори со своите соговорници. Комесарот Филе ќе се врати во Скопје во контекст на Пристапниот дијалог на високо ниво, се наведува во кусото соопштение од Делегацијата на ЕУ во Македонија.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Средба на министерот Муцунски со бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова-Чамова

Предраг Петровиќ

ЕУ подготвува голем пресврт: Украина, Албанија, Молдавија и Црна Гора на списокот за забрзано членство, за останатите соработка во вселенската индустрија

Предраг Петровиќ

Сиљановска-Давковa во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на ЕУ

А1он

„Политико“: Европската унија подготвува патокази за Црна Гора, Украина, Молдавија и Албанија

А1он

Романо Проди: Ако АфД победи на изборите во Германија, со ЕУ е завршено

А1он