Евроинтегрирањето на Македонија и Албанија – тема на средбата меѓу Османи и Река

Од:

Членството во ЕУ е заедничка цел на Македонија и Албанија и земјите можат да си дадат меѓусебна поддршка во овој процес, посочил вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи на средба со амбасадорот на Албанија Фатос Река.

Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања (СЕП), Османи на средбата истакнал дека интеграцијата на Западен Балкан треба да се гледа како одговор во справувањето со предизвициите со кои се соочува Унијата и дека целосната интеграција на сите земји од Западен Балкан во Европската Унија и во НАТО е неопходна.

– Тој нагласи дека е потребна поддршка од нашиот сосед за членство на Република Македонија во НАТО, особено во претстојниот период, додавајќи дека очекува поддршка од Албанија и за зачленувањето на Македонија во Јадранско-јонскиот регион и стратегија. Вицепремиерот Османи, исто така, го посочи отворањето на Регионалната канцеларија за соработка на младите во Тирана, како уште една можност за зајакнување на соработката меѓу младите во регионот, соопшти СЕП.

Соговорниците се согласиле дека отпочнувањето на првиот инфраструктурен проект за енергетско поврзување на двете земји во износ од 12 милиони евра во рамки на Инвестициската рамка за Западен Балкан е јасен сигнал дека регионот заеднички пристапува кон надминување на предизвиците.

– Истовремено беше потенцирана одличната соработка во рамки на ИПА Програмите за прекугранична соработка, со изразена надеж дека во рамки на претстојните повици за нови проекти ќе се отворат нови можности за вмрежувања и партнерства за заеднички проекти од двете страни на границата. Османи и Река изразија надеж за можно заедничко отпочнување на преговорите за пристапување во ЕУ, бидејќи на тој начин двете земји ќе можат да разменуваат искуства и информации за процесот, информира СЕП.

Би можело да ве интересира

Зеленски бара мировниот договор да го содржи точниот датум за пристапување на Украина во ЕУ

Захарова: Киев и ЕУ не сакаат да го продолжат дијалогот

Бабиш ја повикува Европа да започне мировни преговори со Путин

Новиот систем за влез и излез од ЕУ ќе биде целосно имплементиран дури од септември 2026 година

Горан Наумовски

Нов баланс на моќ: Европа брзо ја презема улогата на американската разузнавачка служба во Украина

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да се приклучи на Европската Унија