Евроамбасадорот Орав се сретна со јавниот заговарач за РЕКОМ проф. Билјана Ванковска

Од:

Шефот на Делегацијата на ЕУ во Република Македонија, амбасадорот Аиво Орав, денеска се сретна со јавниот заговарач за РЕКОМ (Регионална Комисија за утврдување на фактите за воените злосторства од 1991-2001 година), проф. Билјана Ванковска, на нејзино барање.

Орав беше информиран за најновиот тек и активностите во врска со иницијативата за РЕКОМ во Република Македонија и во регионот. Посебен акцент беше ставен врз резултатите од работата на јавниот заговарач, досегашните и планираните средби со релевантните државни функционери и политички актери во земјата.

Ванковска се заблагодари за досегашната континуирана поддршка која иницијативата ја добива од Европската унија и го замоли амбасадорот Орав да ја помогне во нејзината промоција преку контактите со претставниците на дипломатскиот кор и со претставниците на државните институции и политички партии.

Орав се заблагодари за најновите информации и вети дека сериозно ќе ги разгледа барањата на јавниот заговарач. Тој изрази подготвеност да биде редовно информиран за прогресот на иницијативата која ја смета за важен чинител на регионалното помирување.

Ванковска денеска се сретна и со претседателката на Комитетот за односи меѓу заедниците Ермира Мехмети-Деваја, како и со пратеникот на ДУИ Талат Џафери.

Би можело да ве интересира

Брисел подготвува нови правила за проширување на ЕУ

ДУИ: ВЛЕН врши политички притисок врз обвинителството

ЕУ ја финансира Украина со замрзнати руски средства

ЕУ подготвува нов пакет санкции против Русија

Захарова: НАТО и ЕУ станаа дел од меѓународните терористички активности

(ВИДЕО) „Цела Европа ќе гори, опасноста се движи кон исток“: Алармантно предупредување од Одделот на ЕУ за вонредни ситуации