ЕВН за ситуацијата во Џевахир: Жалиме, но беше испратена опомена пред исклучување

Од:

Универзалниот снабдувач ЕВН Хоме ја исклучил електричната енергија до заедничкото броило во кулата Б од комплексот Џевахир откако била испратена опомена пред исклучување.

„ЕВН Хоме секогаш го користи исклучувањето на корисниците само како крајна мерка. Во врска со исклучувањето на заедничката потрошувачка во кулата Б од Џевахир, до сопственикот на броилото навремено било испратено опомена пред исклучување.

Законска обрска на управителите на зградите, а особено на такви висококатници, е да имаат обезбедено агрегат за лифтовите, бидејќи прекини во снабдувањето може да настанат од повеќе причини.

ЕВН жали за настанатата ситуација, но компанијата е надлежна само во делот на мрежата до броилото. ЕВН не во позиција да се вмеша во внатрешното менаџирање на висококатниците“, соопштија од ЕВН.

Центарот за управување со кризи денеск објави дека во една од кулите во комплексот Џевахир која останала без електрична енергија имало бремена жена и ги повика менаџментот на комплексот и ЕВН да го решат поскоро проблемот.

– Денес околу 9.45 часот снемало струја во кулата Б во високите 40-катници во Џевахир. Стапено е во контакт со ЕВН од каде што одговориле дека поради технички проблеми дошло до прекин на електричната енергија. Подоцна ЦУК бил известен од ЕВН дека исклучувањњето се случило поради неплатени сметки. Имаме непотврдена информација дека во една од кулите имало бремена жена, односно во лифтот во кој што снемало струја.

Апелираме и до ЕВН и до управителите да се надмине оваа ситуација. Не треба да чекаме некој да настрада и некој да биде умрен за да навремено се реагира. Го повикуваме управителот на кулата кој е должен да има агрегати за напојување – рече Стојанче Ангелов, директор на ЦУК.

Би можело да ве интересира

Универзалниот снабдувач избран без да се овозможи конкуренција, граѓаните ќе плаќаат милиони евра повеќе за струја

А1он

За универзален снабдувач прифатена понудата на ЕВН Македонија електроснабдување ДООЕЛ Скопје и ЕВН Македонија АД Скопје

Зошто се тактизира со извештајот за избор на универзален снабдувач?

Орце Костов

ЕВН ќе ги снабдува граѓаните со струја и во следните пет години

Орце Костов

ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто

Зошто се одложува изборот на нов универзален снабдувач на струја за домаќинствата?

А1он