ЕВН: Санирани повеќето дефекти, екипите и денеска на терен

Од:

Екипите на електродистрибуција санираа најголем процент од дефектите во снабдувањето со електрична енергија, во повеќе области во земјава претежно од рурален карактер, предизвикани од снежните врнежи, соопштија денеска од ЕВН.

– Поради обилните снежни врнежи, вчера настанаа прекини во снабдувањето со електрична енергија, претежно во руралните средини на Гостивар, Тетово, Кичево, Кавадарци, Делчево, Куманово итн. каде што висината на снегот достигна до пола метар. Како последица на тоа, без електрична енергија вчера останаа околу 6.000 корисници, велат од ЕВН.

Повеќето дефекти веќе се санирани. Екипите на електродистрибуција сè уште се активни на терен и работат на изнаоѓање на решенија за да стигнат до непристапните, проблематични места поради лошите теренски и временски услови, со цел сите дефекти да бидат санирани и снабдувањето да се нормализира за сите корисници од руралните средини.

Би можело да ве интересира

Елиминирањето на конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач граѓаните ќе ги чини стотици милиони евра повеќе за сметки за струја

А1он

Универзалниот снабдувач избран без да се овозможи конкуренција, граѓаните ќе плаќаат милиони евра повеќе за струја

А1он

За универзален снабдувач прифатена понудата на ЕВН Македонија електроснабдување ДООЕЛ Скопје и ЕВН Македонија АД Скопје

ЕВН ќе ги снабдува граѓаните со струја и во следните пет години

Орце Костов

Зошто се одложува изборот на нов универзален снабдувач на струја за домаќинствата?

А1он

Денеска електронска аукција за избор на нов универзален снабдувач со струја

А1он