ЕВН Македонија отвори градска читалница во Струга

Од:

Во Домот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга ЕВН Македонија отвори нова читалница. Оваа донација е продолжение на проектот на ЕВН Македонија за поддршка на македонската литература и творештво и за поттикнување на читачките навики.

Еднаш неделно во читалницата ќе се одвиваат едукативни работилници за младата популација на возраст од 6 до 14 години, кои ќе ги спроведува асоцијацијата за истражување, комуникации и за развој „Паблик“ во соработка со ИНКА, (Иницијатива за независен културен активизам). Интенцијата е преку неконвенционални методи да им се доближи книгата на учениците, притоа тргнувајќи од индивидуалните потреби и капацитети на децата. Тимот едукатори ќе настојува навиката за читање да ја подобри преку низа техники, кои ги опфаќаат социјалниот аспект, но и интеркултурната димензија вклучувајќи ученици од различни етнички групи.

– Идејата за поддршка на развојот на читачките навики почна со проектот „Создади книга” во рамки на кој успеавме да издадеме три збирки раскази од 14 различни автори. Одличните реакции за проектот ни дадоа поттик да придонесеме уште повеќе во овој домен, и така се роди идејата да опфатиме поширок спектар на активности и да вклучиме повеќе граѓани, од најмлади до возрасни, изјави Атанас Ковачевски, портпарол на ЕВН Македонија.

Климентина Илијевски, извршна директорка на „Паблик“ порача дека досегашниот нивни впечаток од работата со учениците е дека тие се отворени и желни за нови предизвици

Ваков тип читалница во март беше отврена и во ОУ „Блаже Конески“ во општина Аеродром, во Скопје, а наскоро ќе се отвори во Универзитетската библиотека „Свети Климент Охридски“ во Битола.

Би можело да ве интересира

Елиминирањето на конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач граѓаните ќе ги чини стотици милиони евра повеќе за сметки за струја

А1он

Универзалниот снабдувач избран без да се овозможи конкуренција, граѓаните ќе плаќаат милиони евра повеќе за струја

А1он

За универзален снабдувач прифатена понудата на ЕВН Македонија електроснабдување ДООЕЛ Скопје и ЕВН Македонија АД Скопје

ЕВН ќе ги снабдува граѓаните со струја и во следните пет години

Орце Костов

Зошто се одложува изборот на нов универзален снабдувач на струја за домаќинствата?

А1он

Денеска електронска аукција за избор на нов универзален снабдувач со струја

А1он