ЕВН Македонија изгради нов далекувод во Драчево

Од:

ЕВН Македонија ја изгради привремената нова делница од 110 кВ далекувод во Драчево со што го реши проблемот со снабдувањето со електрична енергија на корисниците од населбата.

Од ЕВН Македонија информираат дека за два дена се изградени двата портални дрвени столба со што се активира Трафостаницата Драчево 1 (110/10 кВ) и се обезбеди доволно енергија за сите корисници непречено да се снабдуваат.

ЕВН Македонија, како што соопштуваат, изготви техничко решение и го почна поставувањето на новиот решеткаст 110 кВ столб на местото на оштетениот од лизгање на земјиштето предизвикано од трети лица. Геолошките истражувања покажаа дека треба да се обезбеди нова посигурна локација за поставување на новиот столб.

Екипите на ЕВН ќе вложат максимални напори проектот да се реализира во најкус можен рок, во меѓувреме привремената мрежа ќе помогне да се избегне ограничувањето на потрошувачката во однапред одредени временски интервали.

Би можело да ве интересира

Елиминирањето на конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач граѓаните ќе ги чини стотици милиони евра повеќе за сметки за струја

А1он

Универзалниот снабдувач избран без да се овозможи конкуренција, граѓаните ќе плаќаат милиони евра повеќе за струја

А1он

За универзален снабдувач прифатена понудата на ЕВН Македонија електроснабдување ДООЕЛ Скопје и ЕВН Македонија АД Скопје

ЕВН ќе ги снабдува граѓаните со струја и во следните пет години

Орце Костов

Зошто се одложува изборот на нов универзален снабдувач на струја за домаќинствата?

А1он

Денеска електронска аукција за избор на нов универзален снабдувач со струја

А1он