Евакуација на македонски државјани и утре од Емирати, се очекува и чартер со наши граѓани од Бахреин, Катар и Кувајт

Од:

По евакуацијата на 151 лице од Дубаи кои пристигнаа синоќа на Скопскиот аеродром, се очекува следен авион да има утре, со кој отприлика идентичен број патници ќе пристигнат во државата. Третиот лет се планира за средината на неделата, но се уште се чека да се види дали ќе се зголеми интересот на македонските граѓани од ризичните подрачја, за да биде целосно искористен потенцијалот за извлекување што го организира државата.

Како што изјави министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се работи и на евакуација на наши граѓани кои се во Бахреин, Катар и Кувајт. Тие ќе бидат однесени во Саудиска Арабија од каде се очекува во среда да бидат донесени со еден авион.

– Веројатно авионот ќе мора да слета на територија на Косово, но ние ќе го организираме превозот од Приштинскиот аеродром до Скопје. За сето тоа навреме ќе информираме. Од Израел ги извлековме сите што бараа евакуација, освен еден државјанин, но тоа лице инсистираше извлекувањето да биде од територијата на Израел. Две групи извлековме преку Египет и тој процес успешно заврши. Има уште еден државјанин кој бара асистенција и за него бараме начин како да го евакуираме, не исклучувам дека во следните денови таа бројка ќе биде променлива. Нашите линии остануваат 24 часа отворени за нашите граѓани, во секое време, секој што смета дека не се безбедни условите, ние правиме се во следниот период да ги извлечеме. Мојата цел како министер е до крајот на оваа недела сите наши граѓани од погодените подрачја што побарале евакуација да бидат во државава. Клучна и најбитна е безбедноста на граѓаните и тука не смееме да правиме компромис. Затоа, некогаш некои процеси можеби ќе траат подолго и ќе бидат посложени, но не смееме да дозволиме ниту еден наш граѓанин да биде ставен под ризик, потенцира Муцунски.

Со вчерашниот организиран чартер лет од Обединетите Арапски Емирати пристигнаа 151 патник од кои повеќето се македонски државјани, еден е од Црна Гора, еден од БиХ, еден од Србија, двајца се од Косово, а четворица се со холандско државјанство.

Муцунски за денеска најави прес-конференција на која ќе соопшти детали.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пожар во државната рафинерија, Бахреин прогласи состојба на виша сила за резервите

ВИДЕО: Најголем скок на цените на нафтата во последните шест години

Катерина Ѓуровски

Муцунски ги пречека патниците од Дубаи: Најбитна е безбедноста на граѓаните!

А1он

Макрон му порача на Иран: Веднаш запрете ги нападите врз земјите од регионот

А1он

Аракчи: Трамп ја потисна можноста за деескалација на конфликтот во регионот на Блискиот Исток

САД и Израел разгледуваат специјална операција: Планирани се две опции за ураниум