„Еуромакс ресурси“: Проектот Иловица-Штука ќе донесе инвестиции, илјадници работни места и нема да влијае на земјоделството

Од:

Проектот Иловица-Штука е проект од национално значење и е најголем проект за странски директни инвестиции во државава. Проектот ќе донесе инвестиции и илјадници работни места, а од нашите даноци ќе вложува со подобрување на локално образование и здравствена заштита, како и за национални социјални програми. Како најголема странска директна инвестиција ќе имаме позитивно влијание врз националната економија, соопштија од компанијата „Еуромакс ресурси“, концесионер на рудникот за бакар Иловица – Штука.

Направивме повеќегодишни истражувања на влијанијата врз животната средина, дизајнирање на проектот, спроведување проценки на влијанието и работење со локалната заедница за да го подобриме дизајнот. „Еуромакс“ е посветен на заштита на животната средина и одржливоста на проектот. Ниту еден научник или инженер не смета дека има безбедносни проблеми со рудникот. Рудникот ќе ги користи најновите технологии од Америка и Европа и ќе финансираме независно тестирање за да се обезбеди дека се придржуваме на нашите ветувања, стои во соопштението од компанијата во врска со денешниот граѓански протест против отворањето на рудникот Иловица.

Oд компанијата посочуваат дека разбираат дека локалните земјоделци се горди на своите производи и тоа нема да се промени, нема да има влијание врз земјоделството. Проектот, наведуваат, нема да ја намали водата за наводнување, нема да загадува, тоа нема да ги намали приносите на земјоделски култури и нема да влијае на органското земјоделство.

Рударските проекти ширум светот живеат во согласност со локалните заедници и со локалното земјоделство. Такви примери има тука во Македонија и на други места на Балканот. Имаме неколку активности во Скопје околу дозволите и во моментов бараме решение за ситуацијата преку судовите. „Еуромакс“ останува сигурен во својата правна позиција, стои во соопштението од компанијата.

Би можело да ве интересира

И Здравје и работа: Време е Македонија да избере развој заснован на знаење и да се реализира проектот за рудникот „Иловица – Штука“

Атина доби конкуренција – Софија сака да биде регионален лидер во ископот на бакар, додека Скопје ја следи битката и покрај резервите во Иловица

Проф. Димов: Новите технологии практично значат нула емисија на загадување од рудниците како што би бил „Иловица – Штука“

А1он

ММФ: Геополитичките кризи го прават бакарот сè повреден – Македонија сè уште не ги користи резервите во Иловица

Бакарот станува стратешки ресурс, Иловица останува неискористена можност за Македонија

Падот на рударството продолжува – дали Македонија ќе ја пропушти шансата за развој преку рудникот Иловица?