ЕУ жали за несреќата со мигрантите

Од:

Европската унија денеска изрази жалење за вчерашниот трагичен настан на пругата Велес-Скопје, кога во железничка несреќа животот го загубија 14 мигранти од Сомалија и Авганистан, јави дописникот на МИА од Брисел.

Портпаролката на Европската комисија Наташа Берто на прашањето на дописникот на МИА дали Брисел е подготвен да ја натера грчката држава на соработка со македонските власти околу прашањето со мигрантите, оти тоа е единствената земја со која Македонците немаат договор за мигранти, Берто избегна да одговори.

– Во моментов немаме детали за овој случај. Можеме само да изразиме жалење за загубата на животи и да се обврземе дека ќе го разгледаме подетално овој случај, истакна гласноговорничката на Еврокомисијата.

Денешниот нејасен став на неофицијалната Влада на ЕУ во врска со мигрантскиот проблем на Грција со Македонија доаѓа еден ден откако шефовите на државите и владите на ЕУ-земјите на специјален Самит во Брисел објавија дека Унијата сериозно ќе се зафати со ова прашање, одобрувајќи 130 милиони евра за справување со овој проблем на своите земји-членки.

Би можело да ве интересира

ЕУ: Ќе најдеме начин да ѝ обезбедиме кредит на Украина и покрај противењето на Унгарија

Русите го фалат Орбан – ЕУ подготвува „Шарена револуција“, сакаат да го соборат

„Политико“: Операцијата на САД против Иран го одвлече вниманието на ЕУ од Украина

Русија: Целта на ограничувањето на руската мисија во ЕУ е да се попречат дипломатските напори

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија

Вајц: Македонија да испорача реформи, а ЕУ да ги исполни своите обврски