А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ЕУ заклучоците за цел западен Балкан блокирани поради барања на Бугарија

by А1он02/12/2020 - 19:06436
Share0

Освен блокадата за преговорите помеѓу ЕУ и Северна Македонија, Бугарија бара уште еден пасус поврзан за историјата кој земјите членки на ЕУ не можат да го прифатат. Поради ова виси во воздух усвојувањето на заклучоците за сите земји од западен Балкан.

Следете a1on на Instagram Instagram

Според дипломатите пред неколку часа е донесена одлука да се повлече дискусијата за проширувањето и за преговарачката рамка за Албанија поради тоа што Бугарија бара во крајните заклучоци за Северна Македонија да биде внесен пасус од јули 2018 година кој гласи „ова треба да им стави крај на сите барања базирани на погрешна интерпретација на историјата“.

Оваа реченица стои во заклучоците на Советот на ЕУ од јули 2018 по склучувањето на Договорот со Бугарија и Преспанскиот договор, меѓутоа за голем број земји членки нема смисла оваа реченица повторно да и биде наметната на Северна Македонија две години подоцна, објаснуваат дипломатите.

Отстапката на која е подготвена ЕУ е слична реченица поврзана за „погрешно интерепретирање на историјата“ да стои како општа опсервација за сите земји од западниот Балкан, во врска со регионалното помирување, но не и специфично во пасусот за Северна Македонија.

Следете a1on на Youtube YouTube

Бугарија, пак, смета дека со оглед на тоа дека оваа реченица веќе била искористена во заклучоците има основа да биде повторена.

Вчера и денеска имало обиди помеѓу земјите членки да усогласи текстот, но Софија не попуштила, поради што е донесена одлука целосно да се суспендира дискусијата за проширувањето. Амбасадорскиот состанок во моментов е во тек и би требало да трае до доцна вечерва, но не се очекува да се врати проширувањето на масата на разговори.

Во наредните денови земјите членки ќе продолжат да преговараат на оваа тема за да се деблокира состојбата и да не се држат заклучоците за другите земји од регионот во заложништво.

Истовремено денеска е повлечена од дневен ред и дискусијата за преговарачката рамка со Албанија, која има подобри шанси од македонската да биде усвоена до крајот на годинава, но без датум за закажување на првата меѓувладина конференција. Имено, дури и со одобрена преговарачка рамка, Тирана, поради дополнителни реформски услови, ќе треба да чека прво извештај на Европската Комисија и нејзино зелено светло пред да и биде доделен датум за преговори.

Земјите членки имаат времe до министерскиот совет на осми декември да се усогласат, во спротивно не се исклучува опцијата да нема воопшто никакви заклучоци за проширувањето.

bugarija dogovorevropska unija

Би можело да ве интересира

Земјите од Западен Балкан треба да влезат во ЕУ пред Украина, смета Петер Маѓар

Катерина Ѓуровски22/05/2026 - 11:1922/05/2026 - 11:30

Трамп се закани со царини, ЕУ утрово се согласи на трговски компромис

Катерина Ѓуровски20/05/2026 - 08:4220/05/2026 - 08:51

Мицкоски: Го избираме потешкиот пат кон ЕУ, покусиот е полн со понижувачки предизвици

Катерина Ѓуровски12/05/2026 - 11:4112/05/2026 - 12:44

Новата министерка за надворешни работи на Бугарија е креаторот на „Францускиот предлог“

А1он11/05/2026 - 21:33

Андоновски очекува Македонија да биде меѓу првите држави на која ќе ѝ биде овозможен роаминг без дополнителни трошоци во ЕУ

Катерина Ѓуровски06/05/2026 - 13:29

Филипче: Македонскиот јазик не е загорезен, Мицкоски прдолжува со лажната одбрана на идентитетот

Катерина Ѓуровски05/05/2026 - 14:47
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто