А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ЕУ загрижена за небалансираната медиумска покриеност на „Пуч“

by А1он02/02/2015 - 15:29177
Share0

Ние сме загрижени за политичката ситуација во земјата, начинот на кој овие настани за време на викендот беа спроведени и недостигот на балансирана медиумска покриеност на настаните, што само ги зголеми нашите грижи, пренесе МИА.

Следете a1on на Instagram Instagram

Сигурна сум дека знаете дека нашата загриженост за зголемената политизација и перцепција за селективна правда е исто така изразена во редовниот извештај на Еврокомисијата, издаден на крајот на минатата година. Според нас, најважно е истрагата да биде спроведена независно и транспарентно, имајќи го предвид целиот процес и начелото на пресумпција на невиност, истакна денеска портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич.

Реакцијата на ЕУ за три дена е втора по ред за случајот „Пуч“, откако во саботата навечер, Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС) побара почитување на правата на обвинетите во случајот и пресумпцијата на невиност, денеска, Коцијанчич во име на официјален Брисел ја искажа загриженоста за политичката ситуација во Македонија.

Гласноговорничката на Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Унијата, Федерика Могерини, Коцијанчич, потсети дека и во саботата, веднаш откако беше обелоденет случајот „Пуч“ во Македонија, ЕУ изрази загриженост за настаните во Македонија.

Следете a1on на Youtube YouTube

– Сакам да потсетам дека во изјавата потсетивме дека очекуваме праведна, независна и транспарентна истрага во случај на било какво наводно погрешно работење, со целосно почитување на правата на обвинетите во согласност со правото и меѓународните стандарди, вклучувајќи го и принципот на пресумпција на невиност – повтори Коцијанчич.

Портпаролката на Еврокомисијата додаде дека засега, како што стојат работите, останува планот за еврокомесарот за соседство и преговори за проширување, Јоханес Хан, на 16-ти овој месец да го посети Скопје, што ќе биде прва негова посета на Република Македонија, откако тој го презеде ресорот од Чехот, Штефан Филе.

– Досега нема промени во планот за посета на комесарот Хан на земјата, но се разбира дека одблиску ќе го следиме развојот на настаните и ќе ве информираме, посочи Коцијанчич.

eupuc

Би можело да ве интересира

ЕК: Изборниот резултат е можност за напредок на Србија кон ЕУ

А1он28/10/2026 - 16:09

Зеленски: Европа мора да учествува во одлуките за завршување на војната

Горан Наумовски28/10/2026 - 14:05

Срдановиќ: Европската интеграција и дијалогот за Косово ќе продолжат

Горан Наумовски28/10/2026 - 07:0528/10/2026 - 07:05

Путин ѝ испрати предупредување на Европа за рускиот гас: „Кој на друг му копа јама, самиот паѓа во неа“

Горан Наумовски27/10/2026 - 21:14

ЕУ внимателно ги следи изборите во Србија – тие мора да бидат во согласност со меѓународните стандарди

А1он23/10/2026 - 16:14

Џентилони: Европа мора да престане да молчи пред потезите на Трамп

Горан Наумовски23/10/2026 - 13:11
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео