„ЕУ за ТЕБЕ” повторно патува: Струмица

Од:

Шефот на делегацијата на Европската Унија, Самуел Жбогар денеска ќе ја посети Струмица во рамки на кампањата „ЕУ за ТЕБЕ”.

Струмица е следната дестинација во серијата посети фокусирани на младите, за време на кои амбасадорот Жбогар и младите луѓе ќе дискутираат и ќе разменат мислења за Европската Унија. Овој пат ќе се дебатира со учениците од Средното училиште „Јане Сандански“.

По средбата со учениците амбасадорот Жбогар ќе се состане со градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски, и ќе ја посети градинката „Детска Радост“. Оваа градинка е дел од ЕУ проект финансиран во рамки на програмата за прекугранична соработка на Европската Унија, со цел подобрување на заштитата на животната средина и користење на природните ресурси преку инвестирање во еколошка инфраструктура и образование за енергетска ефикасност.

Локалната НВО Младински Образовен Форум (МОФ) е исто така составен дел на серијата дебати со младите. МОФ води 15 младински клубови во 8 општини ширум земјата, во рамки на проектот финансиран од ЕУ „Младинско изразување”.

Би можело да ве интересира

Милановиќ: ЕУ не е држава, а нејзина надворешна политика не постои

А1он

Пирц Мусар: Проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан претставува стратешка инвестиција во мирот

А1он

„Ханделсблат“: Потпирањето на Киев врз помошта од ЕУ нема да го спречи мирот под условите на Русија

ЕУ: Украина напредува кон членство во ЕУ и покрај војната

(ВИДЕО) Мицкоски: Подобар извештај од ЕК, нема констатации за назадување – остануваат политичките услови за ЕУ

Горан Наумовски

Каја Калас: Пакетот за проширување испраќа јасна порака – реформите даваат резултати