ЕУ реагира за притворот на Кежаровски

Од:

На барање на Иницијативниот одбор на укинување на мерката притвор на новинарот Томислав Кежаровски, Делегацијата на Европската унија испрати соопштение.

„Делегацијата на Европската унија одблиску го следи судскиот случај поврзан со притворањето на новинарот Томислав Кежаровски и одлуката на судот за повторно продолжување на притворот на новинарот за нови 30 дена.

– Сакаме да истакнеме дека легислативата на земјата налага мерката притвор да биде сведена на најкраткото нужно време и сите институции надлежни за спроведување на законот да дејствуваат итно да за да се забрзаат случаите во кои обвинетите се во притвор пред судењето.

– Европската делегација е загрижена за неодамнешните случувања, вклучувајќи ја и одлуката на новинарот Кежаровски да започне штрајк со глад“, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

На Кежаровски нема да му се суди во „Ликвидација“

Васко Маглешов

Кежо на роденденот повторно на обвинителна клупа за „Ликвидација“

Васко Маглешов

Кежаровски најави нова книга, продолжение на „Живот во кутија“

Ана Ололовска

ФОТО: Домот на Томислав Кежаровски ограбен за новогодишната ноќ

Ана Ололовска

„Живот во кутија“ – прва книга на новинарот Томислав Кежаровски

Ана Ололовска

Кежаровски: Владимир Талески сега не може да избега или да влијае на сведоци?

Емир Латифовиќ