ЕУ проект за градење нова генерација млади професионалци од Западен Балкан

Од:

Промовирање регионална соработка во процесот на ЕУ интеграција преку градење прекугранични врски меѓу млади професионалци од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Црна Гора и Косово, и јакнење на нивните професионални капацитети како нова генерација на јавни службеници одговорни за интегративните процеси и реформи, има за цел проектот „ЕУ шема за млади професионалци во Западен Балкан“.

За таа цел пет млади професионалци од земјите од Западен Балкан од 6. март годинава имаа можност да се запознаат со улогата на медиумите и граѓанското општество во ЕУ интеграциските процеси на Македонија преку средби со претставници од државни институции, невладини организации, медиуми и делегацијата на ЕУ.

Претставникот на Делегацијата на ЕУ Никола Бертолини рече дека е важно што младите професионалци кои работат во разни јавни институции и приватниот сектор во земјите од Западен Балкан имаат шанса да се запознаат и да ги анализираат состојбите во останатите земји.

– Тие имаа шанса да се запознаат со тоа што е ЕУ, кои се предизвиците и како заеднички да се надминат. Ние работиме на регионална соработка и меѓусбено разбирање, истовремено со поголемо учење за ЕУ. Се надевам дека ова е почеток на долгорочен процес преку кој повеќе млади професионалци ќе градат меѓусебни врски и искуства, изјави Бертолини.

Државниот советник од Секретаријатот за европски прашања Драган Тилев изрази надеж дека ова не се последните учесници и ќе има уште млади, бидејќи потребно е критична маса во администрацијата што ќе гарантира дека реформскиот процес е соодветно спроведен и одржлив.

– Младите луѓе од администрацијата вклучени од рани фази е од голема важност за долгорочни цели и ќе влијаат во своите институции и земји. Тие се млади луѓе, но ги претставуваат своите институции и држави, и кога ќе се вратат дома ќе го искористат стекнатото искуство. Нема лесен реформски процес, но ова искуство може да го олесни и помогне во избегнување одредени грешки, изјави Тилев.

Директорката на Британскиот совет Елеонора Запрова рече дека го поддржуваат овој проект бидејќи обединува 30 учесници од шест земји од Западен Балкан да работат на унапредување на институциите на патот кон ЕУ и бидејќи, како што рече, веруваат во младите луѓе и дека тие можат да го водат процесот на ЕУ интеграција.

Би можело да ве интересира

Усвоена заедничка изјава на лидерите на Западен Балкан на Конференцијата на високо ниво „Раст и конвергенција на Западен Балкан”

Џафери на Конференцијата во Тирана: Планот за раст и Заедничкиот регионален пазар се клучни за забрзано членство во ЕУ

Преку проект на Светската банка ќе се модернизираат и ќе се поврзуваат платните системи на Западен Балкан

О’Брајaн: Граѓаните ќе имаат јасен избор во претстојните месеци, помеѓу визијата за движење кон Европа и нешто сосема друго

Ковачевски: Планот за раст најсериозната политичка потврда од ЕУ за нејзините намери за интеграција на Западен Балкан

О’Брајaн: Никогаш не сте биле поблиску до ЕУ, ајде да ја завршиме практичната работа