ЕУ не ги коментира истрагите на СЈО, но бара одговорност за прислушувањето

Од:

Од Европската унија не сакаат да ги коментираат обвиненијата и барањето на притвор од Специјалното обвинителство во Македонија за високи политички претставници на опозицијата, но бараат одговорност за прислушувањето. Ова денеска во изјава за МИА го посочи портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич, која во име на официјален Брисел побара и конструктивна соработка на власта и опозицијата на спроведувањето на договорот од Пржино и на реформите, јави дописникот на МИА од Брисел.

– Ние не коментираме за тековни истраги или процедури. Европската унија ја повторува важноста за утврдување одговорност за прислушувањето и за неговата содржина. Исто така, потсетуваме на важноста на владата и на опозицијата да соработуваат конструктивно во спроведувањето на договорот во Пржино и на заостанатите реформи, во интерес на земјата и нејзините граѓани – порача денеска портпаролката Коцијанчич.

Од Еврокомисијата денес не сакаа да коментираат дали е познато во европското право да се бара притвор за сите за кои е покренато обвинение во повеќе предмети, како што е случајот со 18-те обвиненија против 94 лица, при што за огромен дел од нив Специјалното македонско обвинителство вчера побара определување на мерка притвор.

Во исто време, од Европската комисија одговорија и на прашањето дали е проблем што во случајот со Македонија, потпретседател на политичка партија е и министер за внатрешни работи, посочувајќи дека „тоа е случај и со многу европски земји и тоа не е проблем ако тој што ја извршува функцијата го почитува издвојувањето на мнистерските од партиските активности“, посочи портпаролката Мјаа Коцијанчич. Според неа, то не било случај во минатото во Македонија поради што ЕУ и ОДИХР изразиле „загриженост поради државно-партиското замаглување“.

Би можело да ве интересира

Романо Проди: Ако АфД победи на изборите во Германија, со ЕУ е завршено

А1он

СДСМ: „Секој што е за Европа и демократија – за Мицкоски е талог“

Горан Наумовски

Мерц: „Не може проблемите на 21 век да се решаваат со буџет од 20 век“

Денеска истекува флексибилната примена на ЕЕС: Се очекуваат нови гужви на границите со ЕУ

Македонците се послаби од европјаните – во ЕУ 16,3% од луѓето се дебели, во Македонија 15,4 %

Горан Наумовски

Фон дер Лајен: Да нема забуна – Европа е нападната