ЕУ карванот тргна од Карпош

Од:

Основците од ООУ „Петар Поп Арсов“ се приклучија кон ЕУ карванот кој денеска тргна од скопската населба Карпош 4. Патувачкиот автобус на ЕУ, по повод Денот на Европа – 9. Мај, како дел од кампањата „ЕУ за тебе“, кој започна од 20. мај во Куманово, ќе посети уште седум градови ширум нашата држава.

Предводени од шефот на Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија, Самуел Жбогар, претставници од Делегацијата и амбасадорите на Словенија, Франција, Холандија, Романија, Шведска, Хрватска, Бугарија и на Унгарија, до крајот на месецов ќе ги посетат и Свети Николе, Виница, Делчево, Струга, Дебар, Радовиш и Гевгелија.

Целта на патувачкиот автобус на ЕУ чии „патници“ се и студенти и претставници на медиуми од земјава, е да се воспостави директна комуникација со граѓаните и да се поттикне дискусија за нивните очекувања во врска со Европската Унија и европската иднина на нашата земја.

Граѓаните ќе имаат можност да постават прашања поврзани со ЕУ, процесот на пристапување во Унијата, можностите за финансирање преку ИПА-фондовите и други програми на ЕУ за помош, преку директна комуникација со екипата на ЕУ патувачкиот автобус. Посетите вклучуваат дебати со ученици од средните училишта за „Визијата на младите за Европската Унија“, велосипедски родео активности за најмалите, како и други активности.

Во рамки на кампањата „За чисто како дома исто“, евроамбасадорот Жбогар ќе се сретне со еколозите и активистите од Охрид и Струга. Притоа, граѓаните можат да се регистрираат како еко-активисти и да учествуваат во акциите за чистење кои ќе се спроведат во нивните градови. Активистите и општините можат да учествуваат во т.н предизвик „пред и потоа“, посочуваат од Општина Карпош.

Би можело да ве интересира

Лежечки полицајци пред ООУ „Христијан Тодоровски – Карпош“

Ана Ололовска

Жителите на Трнодол бараат нов ДУП, наместо најавената јавна расправа идната година

Татјана Ташкова

СДСМ: Провидни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ да креира криза во Карпош со лажни вести, граѓаните ја знаат вистината

Ана Ололовска

Жителите на Трнодол: Тужби против Карпош и градоначалникот Богоев ако не го повлече предложениот ДУП

Ана Ололовска

СДСМ Карпош: Јакимовски ја оштетил Општината за повеќе од 230 илјади евра

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Јаревски: Во тек е претпоследната година од мандатот на Богоев, тоа е единствената позитивна вест за Карпош

Ана Ололовска