ЕУ ги повикува лидерите да најдат компромис, останува во улога на олеснувач

Од:

По средбата во Брисел која заврши без договор, еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, ги повикува политичките лидери да најдат компромис во интерес на граѓаните и за да не се загрозат евроатланските интеграции на Македонија.

„Разговорите беа отворени и детални, но се уште не доведоа до конечен договор. Европската унија ги повика сите страни – во интерес на својата земја и нејзините граѓани – да изнајдат траен политички компромис без одложување и да се произнесат со конкретни предлози за оваа цел, со што би се постигнал договор врз основа на веќе постигнатиот во Скопје на 2 јуни. Реформите на кои се обврзаа партиите со договорот, и за кои сите се сложија, мора да бидат имплементирани по итна постапка. Ова е од суштинско значење за земјата да направи каков било напредок на патот кон евро-атлантските интеграции. Европската унија сега ќе разгледа како најдобро да придонесе за политичкиот процес во земјата и останува подготвена да ги олесни дискусии“, стои во официјалната изјава на Хан по средбата.

На денешниот состанок присуствувале и пратеникот на Европскиот парламент, Иво Вајгел, шефот на делегацијата на ЕУ во Македонија, амбасадорот на САД, Џес Бејли и генералниот секретар на EEAS.

Би можело да ве интересира

ЕУ: Нема да има дополнителни 220 милиони евра грантова помош за Украина

Ќе се лансираат американски ракети од европски лансери

Мацинка: Чешка силно го поддржува што поскорото членство на Македонија во ЕУ

Латвија бара седум милијарди евра од ЕУ поради прекинот на трговијата со Русија

А1он

Брисел подготвува нови правила за проширување на ЕУ

ДУИ: ВЛЕН врши политички притисок врз обвинителството