А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ЕУ: Целосно го поддржуваме суверенитетот и целовитоста на Македонија

by А1он09/02/2017 - 14:2651
Share0

Европската унија во целост го почитува суверенитетот на Репулика Македонија, вклучително и почитување на границите на македонската држава. Ова денеска во име на официјален Брисел за МИА го пренесе портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчиќ, а по бурата во македонската јавност што ја покрена првиот човек на Поткомитетот за Европа во американскиот Конгрес, Дејна Рорбахер, изјавувајќи дека „Македонија не е држава и дека треба да се подели меѓу Косово и Бугарија“.

Добивај вести на вибер

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, а потенцирајќи дека Еврокомисијата има став да не коментира туѓи коментари, портпаролката Коцијанчиќ го пренесе официјалнио став на ЕУ за поддршка на македонската држава во нејзините граници поради вознемиреноста во македонското општество, предизвикана од коментарите на високиот американски службеник, откако истите се појавија заедно со т.н. албанска платформа на некои политички партии во Македонија, а која претставува закана за унитарноста на земјата.

– Кога станува збор за БЈР Македонија, ова е земја-кандидат и ние целосно ја почитуваме истата. Ние се занимаваме со земјата и ја поддржуваме со целосно почитување на сето она што се подразбира, вклучувајќи го нејзиниот суверенитет, но и со почитување на нејзините граници. Ние, всушност, постојано се залагаме дека нема промени кога станува збор за границите и работиме со кандидатските земји со сета сериозност, поддршка и одлучност во поддршката на нивниот пат кон Европската унија, изјави Коцијанчич за МИА.

Во име на официјален Брисел, таа додаде дека Унијата и тоа како смета на сите балкански земји во однос на соработка и нивно приближување кон ЕУ.

– Тоа е регион што има европска перспектива и кој е дел од нашата политика за проширување исто така. Ние правиме голем број работи со цел да го подржиме регионот во однос на политички и економски аспект, но и за понатамошен развој, а со цел земјите да се доближат поблиску до Европската унија. Во принцип, ова е базирано на нашата регионална соработка, добрососедските односи и помирувањето. Во тој поглед, ние правиме бројни работи, па меѓу другото посредуваме и во дијалогот меѓу Белград и Приштина, додаде гласноговорничката на Европската комисија.

eu

Би можело да ве интересира

Девет држави ја блокираат Албанија во евроинтеграцискиот процес, Рама тврди: Има само едно вето

Предраг Петровиќ11/04/2026 - 11:06

ЕУ: Не е јасно каква игра игра Украина

Горан Наумовски31/03/2026 - 21:23

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он28/03/2026 - 09:21

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Горан Наумовски27/03/2026 - 08:35

Маслеников: Европската Унија продолжува да го саботира мировниот процес во Украина

Горан Наумовски27/03/2026 - 07:4627/03/2026 - 07:46

Ракетниот дострел на Иран е закана што се наѕира над европските престолнини

Горан Наумовски23/03/2026 - 08:42
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто