ЕУ бара од нашите судови да одземаат се што се украло, а не само мобилни и автомобили

Од:

Конфискацијата на криминалните средства треба да стане стратешки приоритет во борба против организираниот криминал, тероризмот и корупцијата на високо ниво во земјата, стои во дел од извештајот на Европската комисија во рамки на Механизмот за суспензија на визите.

Европската унија им сугерира на судските власти да ја подобрат евиденцијата на правосилните пресуди во случаите на корупција на високо ниво, вклучително и со конфискацијата на повеќе криминални средства отколку во претходните години.

„Македонија постигна напредок во консолидирањето на евиденцијата за истраги, обвиненија и пресуди за организиран криминал и перење пари. За перење пари, во 2021 година беа поднесени обвиненија против девет лица, донесени првостепени пресуди за седум лица и донесени второстепени пресуди за двајца поединци. За организиран криминал во 2021 година се покренати 17 истраги против 119 лица. Обвиненија беа покренати и против 55 лица. Во три случаи беа спроведени финансиски истраги. Конфискацијата на криминални средства не е доволно искористена (само десет случаи со првостепени одлуки за конфискација на имот главно од мала вредност, на пример, автомобили, пари и мобилни телефони) “, стои во извештајот.

„А1он“ побара одговор од Агенцијата за управување со одземен имот какви средства се одземени во случаите од 2021 година и колкава е нивната вкупна вредност, но не доби одговор.

Во однос на борбата против перењето пари Македонија има усвоено акционен план што треба да се спроведе до 2024 година, но од ЕУ посочуваат дека се потребни дополнителни напори за спречување на перење пари, борба против корупцијата и организираниот криминал.

„Да се продолжат напорите за спречување и борба против корупцијата и организираниот криминал преку: подобрување на евиденцијата на правосилните пресуди во случаите на корупција на високо ниво, вклучително и со конфискација на криминални средства; подобрување на евиденцијата на истрагите, гонењето и пресудите за организиран криминал и перење пари; учество во покоординирани или заедничкии страги и гонење со земјите од регионот и земјите-членки; и целосно искористување на Националниот координативен центар за борба против организираниот и сериозен криминал“, порачаа од Европската комисија.

Би можело да ве интересира

Полјански: Европа ги игнорира преговорите за Украина и се држи до старите позиции

Бернам: Очекувам договор со ЕУ што ќе донесе придобивки и за Британија и за Европа

Фицо: Конечно се разбуди Европа – ќе има делегација за преговори за Украина

Европа ги отфрли руските барања за мировните преговори за Украина

Предраг Петровиќ

Милановиќ: ЕУ не е држава, а нејзина надворешна политика не постои

А1он

Пирц Мусар: Проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан претставува стратешка инвестиција во мирот

А1он