Етничката припадност е уставна категорија, ќе има нов закон наместо „балансерот“ реагира Таравари

Од:

Министерот за здравство и дел од албанската коалиција Вреди, Арбен Таравари, на тема укинување на Балансерот кометираше дека отворените прашања кои со години седеле, Уставен суд решил сега да го отвори.

– Уставниот суд одлучи за 100 дена Влада да ги извади сите на површина, тие се проблеми коишто треба да се решат. Мислам дека етничката припадност е уставна категорија и се надевам дека наскоро ќе има нов закон. А кога етничката припадност е уставна категорија, тогаш треба да има и закон, со којшто ќе се предвидат застапеност не само етничка, туку и на сите категории на луѓе коишто живеат во државата да имаат правична застапеност во институциите – вели Таравари.

Според него, законот е готов и се очекуваат мислења од меѓународни експерти.

Би можело да ве интересира

Продолжува преписката меѓу Уставен и судиите: Судската независност не може да биде оправдување за непочитување на Уставот

Катерина Ѓуровски

Судиите му одговорија на Уставен: мора да се почитува самостојноста и независноста на редовните судови

ЗНМ: Одговорност за судијата за неизвршената одлука за заштита на новинарка

Предраг Петровиќ

Уставен суд првпат бара одговорност од судија за непочитување негова одлука

Катерина Ѓуровски

Собранието ја избра Мери Дика Георгиевска за уставен судија

Уставниот судија Гоце Наумовски си поднел оставка од функцијата