ЕСМ повторно не достави понуда на тендерот „ЕВН Хоум“

Од:

АД ЕСМ попладнево соопшти дека не доставиле понуда до универзалниот снабдувач ЕВН Хоум за знабдување на домаќинствата и малите потрошувачи. Од ЕСМ велат дека ова е затоа што одлуката од Владата во однос на препорачаната цена и количините на струја била за шест месеци, а тендерот на ЕВН Хоум е за 12-месечен период.

– Одлуката од Владата на Република Северна Македонија во однос на препорачаната цена и количини на електрична енергија со кои АД ЕСМ треба да се јави на тендерот на ЕВН Хоум за 2022г. се однесуваат на 6-месечен период, додека актуелниот тендер на ЕВН Хоум е распишан за 12-месечен период. Од тие причини, АД ЕСМ денеска не поднесе понуда, стои во соопштението од АД ЕСМ.

Оттаму посочуваат дека ќе се јават на следниот тендер на универзалниот снабдувач кој треба да биде за периодот јануари-јуни 2022 година.

Вчера, министерот за економија Крешник Бектеши изјави дека цената на струјата во следните шест месеци од 2022 година нема да се зголеми повеќе од 10 проценти.

Би можело да ве интересира

Глоба до 3.000 евра за ЕВН ако не овозможи визуелен пристап до броилото

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 20.06.2025 изнесува 88,28 евра за мегават час, на МЕМО 96,96 евра за мегават час

Предраг Петровиќ

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 13.06.2025 изнесува 76,42 евра за мегават час, на МЕМО 76,27 евра за мегават час

ИНРМ за фактурите за струја: ЕВН нема капацитет и флексибилност да испорача соодветен квалитет на услуги кон граѓаните

Половина Македонија без струја

Катерина Ѓуровски

Пазар на електрична енергија: Оние кои го разбираат пазарот – и се подготвени да иновираат – ќе водат