ЕСМ: Мицкоски да престане да лаже за енергетската состојба

Од:

Од ЕСМ преку соопштение реагираат на изјавата на лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за поскапувањето на струјата.

„Го осудуваме крајно неодговорното однесување на лидерот на опозициската ВМРО – ДПМНЕ кој очигледно е опседнат со ЕСМ и со енергетиката и покрај тоа што нема никаква основа. Мицкоски како советник во Владата на Никола Груевски ја зголеми цената на струја за 100 посто. Мицкоски како директор на АД ЕСМ, поранешно ЕЛЕМ купуваше струја за над 200 евра од мегаватчас во моменти кога цената на берза изнесуваше 50 евра за мегаватчас. Мицкоски како директор на АД ЕСМ, поранешно ЕЛЕМ дозволи 10 години да не биде направен ремонт на трите блока на РЕК Битола.

Мицкоски не исплаќаше К-15 на вработените во АД ЕСМ. Мицкоски ниту еднаш не ги покачи платите во ЕСМ. Зошто тогаш Мицкоски смета дека има легитимитет воопшто да зборува за енергетиката? Потенцираме уште еднаш дека Христијан Мицкоски како директор на АД ЕСМ, поранешно ЕЛЕМ, во услови кога немаше светска енергетска криза и цената на струјата на берзите се движеше помеѓу 40 – 50 евра за мегаватчас, купуваше и увезуваше струја во вредност од над 200 евра за мегаватчас заради непроизведство од домашните капацитети. Наместо да шири паника меѓу граѓаните, Христијан Мицкоски нека ги советува градоначалниците како да ги намалат трошоците за струја, без да се поигруваат со системот.

АД ЕСМ ја надмина енергетската криза со која се соочи државата без ниту еден ден рестрикција на струја и без запирање на испораката, вложувајќи ги сите сили и со голема поддршка од Владата. АД ЕСМ изминатите пет години е заштитник на цената на струјата за граѓаните. И ќе биде се додека на чело на компанијата е овој менаџерски тим“, велат од ЕСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Илиевски: Над 20 отсто од територијата на Македонија изгоре во пожари, не му оди на Мицкоски со патриотизмот

Земјотресот што пред 62 години го погоди Скопје е потсетник дека животот може да се промени за миг, вели Мицкоски

Мицкоски за демографијата: Создавањето семејство е патриотски чин и денес така се брани иднината на Македонија

Мицкоски: Времето кога парите завршуваа во приватни џебови е минато, денес секој денар се гледа на терен, во нова улица, нов натпатник, продолжуваме да градиме

Со заедничка резолуција во Европскиот парламент ќе покажеме дека сме добри соседи со Бугарија, вели Мицкоски

Мицкоски за разрешувањето на Димитровска: Имам чувство дека има поединци кои се обидуваат политиката кај нас да ја направат естрада

Горан Наумовски