ЕСЕ: Сеопфатна бесплатна правна заштита за жртвите на семејно насилство

Од:

Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените (ЕСЕ) денеска по повод Меѓународниот ден на жената бара од државата да обезбеди доследна имплементација на Законот за превенција, спречување и заштита на семејното насилство.

Според здружението, жените жртви на насилство се соочуваат со недоволна и неефикасна правна и судска заштита поради што се бара и обезбедување на сеопфатна бесплатна правна помош за овие жртви.

Од здружението оценуваат дека сеуште постои тренд на поблаго казнување на сторителите на семејно насилство, а мал дел од поднесените кривични пријави се процесуираат.

– Според анализата од прибраните податоци од основните судови, една четвртина од поднесените кривични пријави уште во текот на обвинителската постапка се отфрлаат. Од отфрлените кривични пријави, во просек 44 проценти се резултат на повлекување на предлогот за кривичен прогон од страна на жртвата за кривично дело телесна повреда при семејно насилство. Оттука, сосем јасно произлегува дека жртвата за кривичното дело телесна повреда при семејно насилство, директно или индиректно било од насилникот било од блиски роднина е приморана да го повлече предлогот, а со самото тоа сторителот да не биде изведен пред суд и казнет, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Сељами: Институционални пропусти кај семејното насилство – неопходна е итна реакција и без формална пријава

Приведени двајца кавадарчани, едниот го нападнал татко му, другиот поранешната сопруга

Катерина Ѓуровски

Пријави за семејно насилство во Крива Паланка, Куманово, Прилеп и Тетово

А1он

Го удирал со тупаници и клоци 10-годишниот син, охриѓанец осомничен за семејно насилство

Катерина Ѓуровски

Кумановец ја претепал сопругата – и скршил три ребра