ЕРТ: Пратениците на Нова Демократија во ЕП гласа против извештајот за напредокот на Македонија

Од:

Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ) вчера ја изгласа Резолуцијата за Извештајот за напредокот на Македонија од 2012 година, изготвена од страна на известувачот Ричард Ховит, кој е член на групата на социјалистите во Европарламентот, јави грчката државна телевизија ЕРТ.

Телевизијата нагласи дека пратениците на владејачката партија на премиерот Андонис Самарас Нова демократија, гласаа против резолуцијата за Македонија.

– За жал,во Резолуцијата се бара од Европскиот совет без одложување да ги отвори пристапните преговори со земјата со што одговорноста за развојот на настаните индиректно се префрла на грчката страна. Згора на тоа, обидите да се отстранат на термините „Македонија“ и „македонски“ од оригиналниот текст, резултираа со соломонско решение да се отстрани терминот „Македонија“, но во извештајот остана придавката „македонски“, коментира ЕРТ.

По гласањето, шефот на пратеничката група на Нова демократија во ЕП Мариета Јанаку изјави дека „по безброен пат и покрај напорите на сите грчки членови на Парламентот, корелациите во ЕК не дозволуваат јасна позиција во корист на Грција“.

–  Секако, овој тренд го следи ставот на Европската комисија, која минатата година побара почеток на преговорите, сметајќи дека тоа ќе помогне во напорите да се постигне договор за прашањето за името. Сепак, европскиот курс на Македонија  е надлежност и одговорност на Европскиот совет. Таму грчката Влада силно ја поддржува потребата да се постигне заемно прифатливо име за сите употреби и само тогаш соседната земја може да ги почне пристапните преговори, ја пренесува државната грчка телевизија изјавата на Јанаку.

Би можело да ве интересира

ЕУ: Нема да има дополнителни 220 милиони евра грантова помош за Украина

Ќе се лансираат американски ракети од европски лансери

Мацинка: Чешка силно го поддржува што поскорото членство на Македонија во ЕУ

Латвија бара седум милијарди евра од ЕУ поради прекинот на трговијата со Русија

А1он

Брисел подготвува нови правила за проширување на ЕУ

ДУИ: ВЛЕН врши политички притисок врз обвинителството