Ермира Мехмети: ВМРО-ДПМНЕ арогантно доминира

Од:

Пратеничката на ДУИ, Ермира Мехмети, во разговор за БИРН вели дека многу е навредена од снимките во кои Албанците се нарекуваат „диво племе“ и „Индијанци“ и поради нив на Фејсбук побара Груевски да даде оставка, а нејзината партија да ја напушти коалицијата. Таа смета дека гласот на ДУИ не бил доволно силно слушнат во Владата и затоа нејзината партија страдала и плаќала преголема цена.

– Снимките покажуваат една арогантна доминација. Има сериозни недоследности во начинот како функционира оваа Влада и мислам дека е неиздржливо да продолжи оваа соработка – вели Мехмети.

Проблемот е, смета таа, доминантниот стил на владеење на Груевски.

– Тој има тешкотии да разбере зошто е потребен меѓуетнички дијалог, има проблем да разбере зошто е потребен дијалог со опозицијата, има проблем да разбере зошто е потребен дијалог со медиумите, зошто е потребно независно судство, зошто невладиниот сектор има граѓанска должност да го критикува работењето на Владата и да придонесе во демократскиот амбиент – вели Мехмети.

Таа е уверена дека земјата не се движи напред и дека се поткопани сите демократски институции, медиумите, судството и невладиниот сектор. Чувствува одговорност, бидејќи долго време е дел од власта и токму затоа јавно проговорила.

– Безмалку сите Албанците го споделуваат чувството на разочараност од начинот како ВМРО-ДПМНЕ го разбира соживотот – смета народната избраничка.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Кредит од 40 милиони евра – моноетничка инвестиција што ги дискриминира албанските ученици и студенти

ДУИ: Дебаклот во Давос како слика за урнисана меѓународна позиција на земјава

ДУИ уверува: Нема отстапки од правото и борбата против корупцијата

Вреди: ДУИ игра опасна игра со безбедноста на граѓаните

Ахмети: Поддржуваме една изборна единица и отворени листи, за техничката влада потребни консултации со ЕУ и САД

Горан Наумовски

Потврда од ДУИ – Али Ахмети ќе учествува на утрешната лидерска средба

А1он