Ермира Мехмети: Се лутат кога соседна земја им го одрекува правото на име, а на нивните сограѓани им го одрекуваат правото на употреба на јазик

Од:

Поранешната пратеничка на ДУИ Ермира Мехмети реагира на барањата и ставовите од протестите наведувајќи дека не можат да се лутат кога црквата на соседна земја им се меша во автоќефалноста, а самите ги тераат свештениците да се мешаат во политика и да предводат шовинистички протести.

„Се лутат кога соседна земја им го одрекува правото на име, а на нивните сограѓани им го одрекуваат правото на употреба на јазик.

Се лутат кога друга соседна земја им го одрекува правото како матична држава да се грижат за припадниците на нивниот народ преку границата, а протестираат зошто матичната држава на нивните сограѓани се грижи за нивните права.

Се лутат кога црквата на трета соседна земја им се меша во автоќефалноста и идентитетските прашања, а самите ги тераат свештениците да се мешаат во политика и да предводат шовинистички протести против нивните сограѓани.

П. С. Ова не е националистичи статус. Ова е само обичен обид да илустрирам дека политиката на одрекување на нечии права е еднакво фрустрирачка за секој човек, сите народи и етнички заедници“, напиша Мехмети на својот Фејсбук профил.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Рама во центарот на хаосот во Њујорк: Демонстранти го гаѓаа со јајца и му викаа

Четврти ден протести на плоштадот во Приштина против пресудата во Хаг – најавен е собир во Њујорк пред зградата на ОН

А1он

(ВИДЕО) Протести низ цела Шпанија: Граѓаните бараат решение за кризата во Сеута

Полицијата и демонстрантите се судрија во Тирана

Зеленски: Украинците имаат право да протестираат дури и за време на војна

А1он

ВИДЕО: Општ хаос во Албанија, оклопни возила пред парламентот, полицијата пука со водени топови