ЕП изрази загриженост за слободата на медиумите во Европската Унија

Од:

Извештајот на европратеникот Ренате Вебер за слободата на медиумите во Европската Унија, денеска во Европскиот Парламент беше изгалсан со мнозинство гласови.

Според извештајот постои недостаток на транспарентност за сопственоста на медиумите и се посочува дека европските власти треба да им обезбедат на културните заедници пристап до медиумите на нивниот јазик.

ЕП ги повикува земјите-членки на ЕУ да ја почитуваат, обезбедат, заштитат и стимулираат правото на слобода на изразување и на информација, како и слободата на разновидност на медиумите, да се воздржат од влијание и да разработат механизми против заканите за слободата на медиумите, „како на пример обидите за политичко влијание и партиска контрола и цензура врз медиумите“.

ЕП апелира земјите-членки на ЕУ да гарантираат целосна заштита на доверливост на изворот на информацијата, а новинарите да бидат заштитени од притисок, закани, и насилство.

Би можело да ве интересира

ЕУ: Не е јасно каква игра игра Украина

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Маслеников: Европската Унија продолжува да го саботира мировниот процес во Украина

Горан Наумовски

Ракетниот дострел на Иран е закана што се наѕира над европските престолнини

ЕУ: Ќе најдеме начин да ѝ обезбедиме кредит на Украина и покрај противењето на Унгарија