Енес Ибрахим: Турците се „за“ европска Македонија

Од:

Во рамките на кампањата за престојниот референдум, Партијата за Движење на Турците (ТХП) одржа митинг во Радовиш, каде на присутните им се обратија Претседателот на ТХП, пратеникот Енес Ибрахим, како и потпретседателот на СДСМ, Благој Бочварски.

Ибрахим во своето излагање истакна дека Турците во Македонија во сите историски моменти биле конструктивни, правејќи вистински и државотворни чекори.

Ибрахим не се сомнева дека истото ќе се случи и на 30-ти септември, затоа што единствената насока за светла иднина се токму евроинтеграциските процеси. Според Ибрахим влезот во НАТО и ЕУ значително ќе влијае во подобрувањето на социо-економските состојби во Македонија, а граѓаните ќе ги уживаат еднаквите права и можности како и сите европјани.

Караванот на ТХП и во следниот период ќе продолжи низ цела Македонија и активно ќе ги информира Турците во Македонија за важноста на 30-ти септември, повикувајќи ги масовно да земаат учество во референдумот.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Престанете да бегате од граѓаните, распишете референдум, граѓаните нека одлучат

Горан Наумовски

СДСМ: Нема пари за референдум, но има за тендери и луксуз

ВИДЕО: Филипче бара референдум за ЕУ: Граѓаните да одлучат дали сакаат да ја платат цената заради Мицкоски

Референдум во Република Српска на 25 октомври

Словенија одлучува: Или остануваме и ја плаќаме членарината или го напуштаме НАТО

Пет години од референдумот за Договорот со Грција