Енес Ибрахим поднесе тужба против Латас и ТВ Сител

Од:

Јас како пратеник од редовите на ПДТ, немаше да бидам овде пред вас и немаше да го држам овој прес, доколку во предвечерието на овој голем историски ден, не се случеше еден немил настан, рече Енес Ибрахим.

На 11 февруари 1992 година, Република Турција и турскиот народ, ја признаа Република Македонија под нејзиното уставно име. За жал, овој ден е засенет со вчерашната изјава на уредникот на ТВ Сител, Драган Павловиќ – Латас, со директно го навреди целиот турски народ. Но,ова не е прв пат! Ова се повторува неколку пати!

Никакви изнудени извинувања не можат да ја покријат дамката која ја извалка честа на сите Турци, посебно на нас кои живееме во Република Македонија. Затоа, од овде, јавно соопштувам дека денес поднесувам тужба против Латас и ТВ Сител, за говоро на омраза и навреда на трускиот народ.

Воедно, ја повикувам комисијата за заштита од дискриминација, да излезе со осуда и реакција на оваа фашистичка изјава на гласноговорникот на оваа власт.

Би можело да ве интересира

Државјани на Турција грабнале сонародници и од нив барале пари

Обвинителството го повлече обвинението против Латас за случајот „Тревник“

Катерина Ѓуровски

Латас и Лазаров не се чувствуваат виновни

Судењето против Латас и Лазаров одложено за 19 јуни

ВИДЕО: Латас и Лазаров пред судија – се одложи судењето за сексот во фиќо

А1он

Судот донесе решение: Латас остана без пасош, а нему и на Лазаров им е ограничен јавниот настап

А1он