Ендрју Моравчик: Проширувањето со Западниот Балкан е во интерес на самите земји членки на ЕУ

Од:

Проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан е во интерес на самите земји членки, вели директорот на Програмата за ЕУ при Универзитетот Принстон и експерт за европските интеграции, Ендрју Моравчик во интервју за „Јуропиан Вестерн Балканс“.

– Тие имаат интерес. Интерес за поголема стабилност и генерално за стабилност и економска соработка, како и за контрола на миграцијата. Европа е голем пакет на интереси и постојат интереси. Но, сметам дека тој интерес не е толку голем како што беше интересот на Германија за интегрирање на Чешка, Унгарија и Полска и ќе биде потешко за земјите (од Западен Балкан), смета Моравчик.

Осврнувајќи се на француската блокада на приемот на Северна Македонија и Албанија во ЕУ на самитот во октомври минатата година, Моравчик оценува дека аргументот на Франција дека „вие не сте подготвени, но не сме ни ние“ е нонсенс.

– Тој аргумент е ако ние потрошиме повеќе пари на стабилизација на Италија, ќе бидеме поподготвени да ја прифатиме Албанија. Тоа е неаргумент. Французите се експерти за неаргументи, тие се најдобри. Говорат аргументи кои се логични коректни, но се нонсенс. Тоа го прават од домашни политички причини, бидејќи сакаат да се истакнат политички. Тие го прават тоа за да ги поддржат специфичните француски интереси, истите мотиви од кои се води секоја земја, оценува Моравчик.

Според него, клучно за процесот на проширување нема да бидат приоритетите на Европската комисија, туку на земјите членки на ЕУ.

– Всушност една интересна работа во врска со препораките за проширување на Комисијата е тоа што во нив се вели дека при тоа многу поголема улога ќе имаат земјите членки… (Проширувањето) не е нејзин најголем приоритет. Најголем приоритет засега и е справувањето со буџетот, средбата со Кина и миграцијата, вели Моравчик во интервјуто.

Би можело да ве интересира

Девет држави ја блокираат Албанија во евроинтеграцискиот процес, Рама тврди: Има само едно вето

ЕУ: Не е јасно каква игра игра Украина

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Маслеников: Европската Унија продолжува да го саботира мировниот процес во Украина

Горан Наумовски

Ракетниот дострел на Иран е закана што се наѕира над европските престолнини