Емил Димитриев е на листата поканети гости на Малта, Груевски го нема

Од:

Никола Груевски го нема на официјалната листата на важни поканети гости на Конгресот на Европската Народна партија кој ќе се одржи на Малта. Груевски кој денеска замина во Турција, откако беше снимен на аеродромот, реагираа од партијата дека е во работен престој на Малта каде заедно со партиска делегација ќе учествувал на конгресот на Европската Народна партија. Сепак конгресот на Малта почнува за два дена, односно на 29 и 30 март, а на листата поканети гости наведени на страната на Конгресот на Народната партија е Емил Димитриев.

Конгресот на Европската Народна партија е посветен на зачувување на иднината на Европа, со фокус на безбедносната и надворешната политика, а ќе учестуваат преку 2000 гости од над 40 земји. Тоа значи дека Груевски за два дена ќе се појави и на Малта со партиска делегација, најверојатно предводена од Емил Димитриев.

Би можело да ве интересира

Груевски со нова објава: Обвинувања за дволичност и финансиски интереси кон Заев и Филипче

Горан Наумовски

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

Димитриев: Аеродром мора да се развива, не само да се гради

Горан Наумовски

Вреди: Функционери на ДУИ се обидоа по секоја цена да го вратат Никола Груевски на власт и да го ослободат Сашо Мијалков

Мицкоски: Дел од функционерите на поранешната владина коалиција во Будимпешта се среќавале со Груевски