Емел, ќерката на Велија Рамковски излезе од затвор

Од:

Емел, ќерката на Велија Рамковски излезе од затвор.

Таа беше осудена на шест годишна затворска казна во случајот „Пајажина“, и во притвор, а потоа и во затвор беше од 24.декември 2010 година. По апсењето на Велија Рамковски, членови од семејството и вработени во фирмите, беа затворени А1 телевизија и три дневни весници.

Емел Рамковска како и дел од семејството на Рамковски беше жртва на политичкиот прогон и намерата да се затвори најгледаната телевизија. Таа дури и не беше во земјава за периодот за кој без докази беше осудена на 6 години затвор.

И покрај апелите да биде помилувана од Ѓорге Иванов при крајот на казната поради нејзините деца, тој тоа никогаш не го направи.

Дали беше злоупотребена власта и судството за пресметка со семејството Рамковски и новинарите на А1 телевизија ќе се дознае за брзо време. Снимените материјали за телевизијата опозицијата никогаш не ги обзнани пред јавноста, но завршија во Специјалното јавно обвинителство.

Сефер Цановски на својот ФБ профил напиша:

Денес е убав ден – Емел Рамковска конечно на слобода !
Ја одлежа „машки“ политичката казна до последен ден. Честитам на целата храброст и издржливоста која ја покажа. Да бидеш здрава и жива. И ГЛАВАТА ГОРЕ Твоето време допрва доаѓа …

Би можело да ве интересира

Избегал од затвор и крадел низ Крива Паланка

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Мијалков излегува порано од затвор, Апелација го врати предметот „Империја“ на повторно судење

Орце Костов

Укинат притворот за возачот на Палчо

Александар Тодески

ОЈО со детали за операцијата „Чибук“: Истрага против најмалку десет лица

А1он

Пронајдена дрога при претрес во прилепско: Затвореници развиле бизнис со препродавање наркотици

А1он