„Ем башка, ем барабар“ проект против дискриминација

Од:

Истакнување на соживотот помеѓу најголемите етнички заедници во Македонија има за цел училишниот проект против дискриминација и насилство насловен „Ем башка, ем барабар“ што денеска во Скопје го организираше Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија.

Проектот се реализира во соработка со основни училишта од две скопски општини. Во проектот беа вклучени ученици од основните училишта „Никола Вапцаров“ од општина Чаир и „Блаже Конески“ и „Ѓорѓија Пулески“ од општина Аеродром.

Програмата што беше организирана во рамки на овој проект беше проследена со неколку македонски, албански и еврејски песни, драматизација, литературно читање и балетски настап.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза