Елизабета Дуковска од скопска Апелација избрана за нов судија во Уставен суд

Од:

Елизабета Дуковска е нов судија на Уставниот суд, откако пратениците со 64 гласа „за“ ја изгласаа на денешната седница во Собранието. Таа ќе го заземе местото на Валентина Маркудова чиј деветгодишен мандат истече во декември 2022 година.

Судијката Елизабета Дуковска од Апелацискиот суд Скопје е предлог на Судскиот совет за нова уставна судијка. За претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева лично поприфатлив беше токму предлогот на судијата Зоран Герасимовски.

„Судијката Елизабета Дуковска сметам дека е најсоодветниот кандидат“, истакна Дамева.

Дуковска е судијка од 2004 година и работела во двата основни суда во Скопје како стечаен судија. Во скопска Апелација како граѓански судија во трговски оддел суди од 2009 година.
Уставниот суд досега функционираше со шест од предвидени девет судии поради истекувањето на деветгодишните мандати на судиите Сали Мурати, Елена Гошева и Никола Ивановски уште од јуни 2021 година.

Во октомври 2022 година беа избрани двајца судии: Татјана Васиќ-Бозаџиева и Фатмир Скендер, кои беа предлог на владејачкото мнозинство, а за третиот предлог кој дојде од власта – државниот обвинител Љубомир Јовески, дебаатата е заглавена во Собранието.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Протести и судир со полицијата во Полска – премиерот Туск е обвинет за државен удар

А1он

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Обвинителите бараат итна одлука од Уставниот суд за намалените плати

Катерина Ѓуровски

Уставниот суд укина одредба од Законот за социјална заштита и поведе две постапки

Левица: Уставниот суд ја аминува политичката цензура – не поведе постапка за еклатантната дискриминација врз нашата партија