ЕЛЕМ: Нивото на Охридското Езеро во безбедни граници

Од:

Електрани на Македонија“ а.д. денеска соопшти дека нивото на Охридското Езеро во согласност со нивните и мерењата на УХМР, поради обилните врнежи од дожд и зголемените дотоци поради забрзаното топење на снегот, расте, но е во безбедни граници. Силниот ветер што го погоди Охридскиот регион овие денови, дополнително ја отежнува состојбата предизвикувајќи бранови, кои можат да создадат проблеми на објектите кои се наоѓаат во Охридското Езеро, но, според ЕЛЕМ, тоа никако не треба да се поврзува со нивото на eзерото и работата на хидроелектраните.

ЕЛЕМ укажува дека внимателно ја следи состојбата со порастот на водостојот на природните и вештачките езера по интензивните врнежи од дожд и топењето на снегот и оти повеќе од еден месец презема превентивни мерки за прифаќање на дотоците во хидроакумулациите.

Со цел стабилизирање на порастот на акумулациите АД „Електрани на Македонија“ направи соодветни прилагодувања на режимите на истекот на вода од хидроакумулациите, особено на истекот на Охридското Езеро и истекот од акумулацијата Шпилје. Со зголемена координирана работа на хидропотенцијалите и намалена испораката на електрична енергија од термопотенцијалите, воедно се обезбедува и испорака на потребните количини на електрична енергија во електро-енергетскиот систем на Република Македонија, соопштува ЕЛЕМ и најавува дека и понатаму континуирано ќе ја следи состојбата и ќе ги презема сите потребни мерки во согласност со хидролошките и временските прилики за стабилна и сигурна работа на акумулациите, како и стабилна и сигурна испорака на електрична енергија.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите

Пожар во Охрид, огнот се шири кон куќите

Горан Наумовски

Шести ден без струја во студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид