ЕЛЕМ ги крие новите договори на децата на Џафери и Грчев

Од:

Државната ЕЛЕМ одбива да каже дали им се продолжени договорите за работа на Бесија Џафери, ќерка на собранискиот спикер Талат Џафери, и на Димитар Грчев, син на архитектот Мирослав Грчев, кои од минатата година имаат работен ангажман. Нивните договори, кои беа со времетраење од осум месеци, се склучени преку Агенција за привремени вработувања. Ангажманот во ЕЛЕМ, во согласност со договорот, им е истечен на крајот од декември, а може да биде продолжен или заменет за договор на неопределено, односно трајно вработување.

„Во овој момент не сакаме да влијаеме преку дополнителни произнесувања од наша страна на таа тема и ќе ги причекаме резултатите од процесот во антикорупциска комисија. Во тек е постапка од страна на антикорупциската комисија во врска со вработувањата и сите податоци ЕЛЕМ ѝ ги има предадено на комисијата“, велат од ЕЛЕМ за „А1он“.

Кога јавноста дозна дека децата на Џафери и Грчев се вработени во ЕЛЕМ, од компанијата се правда велејќи дека тие имале исклучителни биографии во поглед на образованието и делумното работно искуство што го поседуват.

Пред една година од компанијата велеа дека тие ќе бидат подлежни на оценка за нивната работа и според резултатите, ќе се одлучи дали ќе имаат продолжени договори. Сега ЕЛЕМ одбива да каже според кои критериуми се носела оценката и каков резултат оствариле децата на функционерите. Оттаму не одговорнија ниту каква работна позиција имаат и кои се нивните работни обврски.

Исто така, претседателот на Собранието, Талат Џафери, не сака да го послуша повикот на премиерот Заев за повлекување на роднините и блиските членови на семејствата на функционерите вработени во државни институции.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

Ангелов: Џафери не може да ме разреши сам, средба со него во овој момент е излишна

Орце Костов

Џафери: Владата има обврска да спроведува закони, затоа ги усогласивме коефициентите за плата

Орце Костов

Џафери: Прописите се јасни за ограничувањата за функционерите при користење ресурси

Џафери за новите автомобили: Лизингот е поевтино решение, ако останат во Владата одржувањето ќе биде скапо

Орце Костов

Џафери: Законот е јасен дека треба да има врзан потпис

Џафери: Со измените на изборниот законик нема целосно да се реши проблемот со валидноста на документите во изборниот процес