Електронскиот рецепт се одложува за 1 август

Од:

Од денеска се враќа стариот начин на препишување на рецепти, со тест проба се до 1-ви август кога треба да бидат отстранети сите недостатоци.

Оваа одлука доаѓа по итниот состанок со сите програмерски куќи синоќа во министерството за здравство, поради блокирање на системот што доведе до тоа лекарите да не можат да ги упатуваат пациентите на специјалист, а не функционира ниту електронското препишување на рецепти, објави Нова ТВ.

Во текот на денешниот ден се забележани неколку маргинални проблеми и за истите би сакале да им се извиниме на сите оние кои поради овие недостатоци имале непријатности во реализацијата на нивните потреби и истите ги реализирале со потешкотии или не успеале воопшто, се вели во вчерашното соопштението на министерството за здравство.

Од министерството потенцираат дека денеска биле разменти над 1.500.000 податоци, а детектираните проблеми се должеле на неусогаласеноста и неоптимизираноста на програмските пакети на лекарите со софтверот на министерството за здравство.

Би можело да ве интересира

Алиу: Се воведува дигитално водење на медицинската документација

Лекарите од дефицитарни специјалности ќе може да работат до 70 години

Министерство за здравство: Законот за заштита од пушење не се одложува

Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали

А1он

Здравството не може да се реформира „на слепо“, Алиу објави регистер на вработените

Катерина Ѓуровски

Граѓанските организации апелираат: Превенцијата не е трошок, туку инвестиција!