Министерството за транспорт и врски денеска ќе изврши електронска јавна распределба на автобуски возни редови за вршење на линиски превоз на патници во меѓуопштинскиот и меѓународниот патен сообраќај.
На електронската распределба, како што е најавено, ќе присуствува министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски.