Екстрадиран Железарски осуден во „Детонатор“ кој и порача на судијката дека ќе ја исече на парчиња

Од:

Екстрадиран е Жан Железарски, еден од осудените во случајот „Детонатор“, кој беше во бегство, дознава „А1он“. Според наши извори, тој е фатен во Косово, а денеска вратен во Македонија и спроведен во затворот „Скопје“ во Шутка. Железарски е осуден на 14 и пол години затвор за злосторничко здружување, обид за убиство, лихварство и измама, за потоа поради закани кон судијката Весна Димишкова, да добие уште две години затвор. Процесот за екстрадиција започна во септември минатата година, кога тој беше уапсен во Косово. Тамошните власти, го предале на македонската полиција, која пак, го спровела во затворска установа „Скопје“ во Шутка.

Железарски беше две години во бегство. На сајтот на МВР во секцијата потраги беше објавена неговата фотографија и податоци. Тој беше пуштен од затвор поради наводно лекување, по што се даде во бегство и не се врати да ја издржува затворската казна.

Инаку, Обвинителството докажа дека шестмина лица кои биле организатори, како и останати лица припадници на злосторничка група, правеле криминал во источна Македонија.

На денот на објавување на пресудата, Железарски и се заканувал на судијката Димишкова и рече: „по дваесет години, кога ќе излезам од затвор, ќе ве исечам на парчиња од глава до доле“. И за ова, во 2014 година доби две години затвор.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Затвореници се изживуваат со ексначалникот на кочанската полиција осуден во „Детонатор“

Ана Ололовска

Семејствата на обвинетите во „Детонатор“ со демант до МВР

Ана Ололовска

Скопска Апелација го врати предметот „Детонатор“ на првостепениот суд

Ана Ололовска

Пресуди за обвинетите во „Детонатор“

Ана Ололовска

„Детонатор“ се враќа назад во доказна постапка

Ана Ололовска

„Детонатор“ пак тресе во Кочани

Емир Латифовиќ