„Детонатор“ пак тресе во Кочани

Од:

Во полициска акција во Кочани под сомение за сторени кривични дела „комар“ и „перење пари и други приноси од казниво дело“ уапсени се две лица на возраст од 34 години едниот од Кочани, а другиот од Крива Паланка.

Имено, двајцата пријавени во периодот од 2009 до 2012 година со цел да се стекнат со противправна имотна корист, на неколку локации на територијата на Р.Македонија по претходен договор неовластено организирале игри на среќа во деловни простории, без притоа да ги преземат со закон предвидените постапки за регистрација на истите како „автомат клуб“ во рамките на трговски друштва кои ги поседуваат.

Во вкупно четири нелегални автомат клубови-нивна сопственост, за периодот од 2009-2012 година оствариле вкупно нелегален профит во износ од 620.000.000 денари.

Двајцата пријавени дел од нелегално стекнатите стедства ги искористиле за купување и инвестиција во недвижен имот, но и за набавка на 90 автомати за игри за среќа кои биле поставени во нелегалните автомат-клубови кои тие ги поседувале.

Пријавените во текот на 2012 година се идентификувани како членови на криминалана група и веќе се кривично пријавени во рамките на операција „Детонатор“.

Би можело да ве интересира

Екстрадиран Железарски осуден во „Детонатор“ кој и порача на судијката дека ќе ја исече на парчиња

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Затвореници се изживуваат со ексначалникот на кочанската полиција осуден во „Детонатор“

Ана Ололовска

Семејствата на обвинетите во „Детонатор“ со демант до МВР

Ана Ололовска

Скопска Апелација го врати предметот „Детонатор“ на првостепениот суд

Ана Ололовска

Пресуди за обвинетите во „Детонатор“

Ана Ололовска

„Детонатор“ се враќа назад во доказна постапка

Ана Ололовска