„Детонатор“ се враќа назад во доказна постапка

Од:

Наместо да објави пресуда, Кривичниот суд, објави дека судскиот процес „Детонатор“ се враќа назад во доказна постапка. Без да прецизира какви нови докази ќе се анализираат, судскиот совет објави дека на 16. јули продолжува процесот со утврдување на фактичката состојба и допрецизирање на доказите.

Јавнот обвинител и адвокатите на 15-те обвинети се изненадени од судската одлука затоа што после маратонското судење очекуваа објава на пресуда.

Јавната обвинителка Вилма Русковска немаше точна информација кои нови докази дополнително ќе се анализараат, но нагласи дека останува на наводите во обвинителниот акт.

И адвокатите во изјавите за медиумите, иако постапката на судот ја оценија како законска, реагираа затоа што немаат информации зошто процесот се враќа во доказна постапка.

Во акцијата „Детонатор“ обвинети се 15 лица од Кочани и Крива Паланка кои одговараат за обид за убиство, лихварство, насилство, поседување оружје и изнуда.

Би можело да ве интересира

Екстрадиран Железарски осуден во „Детонатор“ кој и порача на судијката дека ќе ја исече на парчиња

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Затвореници се изживуваат со ексначалникот на кочанската полиција осуден во „Детонатор“

Ана Ололовска

Семејствата на обвинетите во „Детонатор“ со демант до МВР

Ана Ололовска

Скопска Апелација го врати предметот „Детонатор“ на првостепениот суд

Ана Ололовска

Пресуди за обвинетите во „Детонатор“

Ана Ололовска

„Детонатор“ пак тресе во Кочани

Емир Латифовиќ