А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Екстерно денеска полагаат 43.613 основци и средношколци

by А1он04/06/2015 - 14:05243
Share0

Министерството за образование и наука и Државниот испитен центар информираат дека согласно објавените распореди на интернет страницата prasanjaeksterno.dic.edu.mk, денеска во 9:30 часот започна процесот на екстерната проверка на постигањата на знаењата на вкупно 43.613 ученици од четврто одделение во основно образование до трета година во средно образование.

Добивај вести на вибер

Според информациите од кол центрите, ангажираните тестатори и надбљудувачи, процесот се реализира непречено и согласно акцискиот план и дефинираната динамика, при што, заклучно со 12:00 часот истиот е целосно заокружен во 103 основни и средни училишта. До овој момент нема пријави за технички или проблеми од каква било друга природа.

– Во контекст на написите во дел од медиумите посветени на прашањата кои се дел од процесот на екстерното тестирање на учениците, апелираме на понатамошна коректност во информирањето и елиминирање на сите обиди за нивно квалификување како нелогични и несоодветни за учениците на одредена возраст, или пак, во краен случај додавање на политичка конотација на содржината, се вели во соопштението.

Од МОН посочуваат дека сите прашања коишто се дел од процесот на екстерното тестирање се изведени и изготвени согласно наставните планови, програми и цели. Прашањата се прилагодени на возраста на учениците и развојните карактеристики на соодветната возраст.

– Дополнително, прашањата се јавно објавени еден месец пред почетокот на тестирањето, при што достапна е и можноста за секое прашање доколку некој од учениците или било кој граѓанин забележи извесна грешка од техничка или друга природа, која е возможно да постои имајќи ја во предвид количината на прашањата, да пријави со само еден клик на апликацијата/прозорчето поставено веднаш до секое прашање на интернет страницата prasanjaeksterno.dic.edu.mk, се истакнува во соопштението од МОН.

Доколку во меѓувреме додека трае тестирањето се констатира извесна потреба од корекција на прашање, од МОН информираат дека ниту еден ученик нема да биде оштетен со одземање на бодови при оценувањето, туку напротив, тоа прашање нема да се земе во предвид при формулирањето на конечната оценка од тестот.

– Потсетуваме дека екстерната проверка на постигањата на знаењата на вкупно 183.280 ученици и проверка на објективноста на оценувањето на 17.803 наставници по 7.560 предмети, започна на 2.6.2015 година и ќе трае заклучно со 10.6.2015 година. Резултатите ќе бидат објавувани етапно, при што, поради претстојните уписи во задолжителното средно образование, предност ќе имаат деветто одделенците, истакнуваат од МОН.

eksternomon

Би можело да ве интересира

Во Кочани над 50 наставници останаа без работа

Предраг Петровиќ10/09/2025 - 20:19

МОН објави конкурси за стипендии за најдобрите универзитети во академската 2025-2026 година

Горан Наумовски19/02/2025 - 14:37

Јаневска: МОН со закон ќе го официјализира дуалното образование

Горан Наумовски05/09/2024 - 14:50

МОН: Над 1.000 асистенти во новата учебна година ќе бидат поддршка на учениците со попреченост

Горан Наумовски31/08/2024 - 10:08

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци

Горан Наумовски30/06/2024 - 10:19

МОН: Нов електронски дневник за работа на училиштата, по тестирањето ќе почне неговата официјална примена

Горан Наумовски13/06/2024 - 12:4613/06/2024 - 14:08
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен