Експлозијата во беровски „Улмак“ предизвикана од невнимание

Од:

Според официјалните податоци од истрагата, виновни за завчерашната ексползија во шахта на беровската фабрика за лепливи траки „Улмак“ се работниците. Данка Бубевска, истражен судија на случајот, за А1 вели.

„ Несреќата е предизвикана од невнимание на работниците, кои дихтунгот на затворената шахта се обиделе да го отворат со електричен одвртувач. Заборавиле на фактот дека во шахтата, иако празна може да има запаливи гасови“.

Според Бубевска, вина нема кај компанијата „Уламак“, бидејќи фирмата доставувач, била уредно избрана на тендер и ги поседувала сите безбедносни сертификати.

Ексползијата во беровската компанија се случи завчера и при тоа беа повредени четворица работници, двајца од Берово и двајца од Скопје.

Скопјаните со потешки изгореници се испратени на лекување во главниот град, додека повредените беровчани се пуштени на домашно лекување. Од фирмата „Улмак“ и покрај полицискиот извештај, интервенцијата на противпожарната единица и изјавите на лекарите демантираа дека кај нив имало сериозен инцидент и повредени работници.

Виолета Кожинкова

 

Би можело да ве интересира

Автомобил излетал од тркачка патека и влетал во публика: Има мртви, меѓу нив и дете

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Несреќа во Турција: Туристи паднаа од кабина на жичарница, има и мртви

А1он

Загина чешки турист додека фотографирал огромни бранови на Канарските острови

Четири деца загинаа, 12 се повредени во сообраќајна несреќа во Индија

Во САД: Камион на FedEx се преврте преку мост, петмина се повредени