Експлозија во Берово, двајца работници со тешки изгореници

Од:

Голема експлозија во компанијата УЛМАК во Берово, во која се повредени 4 работници, од кои двајца со тешки изгореници.

Компанијата имала потреба да набави хексан, материја што и била потребна за производствотото. па за таа цел ангажирала скопска компанија која требало материјата да ја достави до фабриката.

Во моментот кога хексанот го префлале од цистерната во шахтата наишле на проблем при отворањето на затворената шахта. За да ја отворат употребиле електричен апарат, па поради гасовите што испарувале од шахтата прво дошло до пожар а потоа до силна екслполозија.

Повредени се две лица од Скопје вработени во компанијата доставувач а да им помогнат веднаш дотрчале други двајца. При гаснењето со ПП апаратот и тие се здобиле со полесни повреди. Двајцата работноци од Скопје со тешки изгореници се префрлени веднаш на скопскиоте клиники од кои едниот има изгореници од трет степен.

Би можело да ве интересира

Автомобил излетал од тркачка патека и влетал во публика: Има мртви, меѓу нив и дете

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Несреќа во Турција: Туристи паднаа од кабина на жичарница, има и мртви

А1он

Загина чешки турист додека фотографирал огромни бранови на Канарските острови

Четири деца загинаа, 12 се повредени во сообраќајна несреќа во Индија

Во САД: Камион на FedEx се преврте преку мост, петмина се повредени