Експертите утврдуваат колку и каков отпад се фрла во штипската депонија

Од:

Штипското комунално претпријатие „Исар“ почна со селектирање и мерење на отпадот од домаќинствата, со цел да се направат детални анализи за изградбата на регионалната депонија за Источно планскиот регион.

Директорот на ЈП „Исар“, Никола Мицевски вели дека во наредните седум дена ќе се мери отпадот, кој се депонира на штипската депонија „Трештена скала“.

– Секое возило пред да го испразни отпадот на депонијата ќе биде измерено. Денеска се врши собирање на отпад односно отпадот од домаќинствата се селектира. На овој начин ќе добиеме информации колкав е отпадот, односно колку од него е биоразградив, пластика, хартија и на друг вид на отпад, вели Мицевски.

Советот на градоначалници и Центарот за источно планскиот регион ангажираа стручњаци кои треба да направат анализа за колку отпад се депонира не само на штипската депонија, туку и на останатите депонии во 11 општини.

Според Мицевски со овие анализи кои се потребни за изградбата на регионалната депонија точно ќе се знае колку домаќинствата фрлаат отпад, а исто така ќе се утврди и каква депонија треба да се изгради во регионов.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Невремето ја оштети ортопедијата во Штип, пациентите со скршеници ќе се препраќаат во други болници

Гори борова шума над филтер-станицата кај Штип

А1он

Маж од Штип сексуално злоставуваше 16-годишно девојче

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд

Горан Наумовски

Се опоравува штипјанецот кој се здоби со изгореници гаснејќи пожар

Горан Наумовски

Изгаснат е големиот пожар во Штип

Горан Наумовски