Убиецот од Неготино е 23 годишниот Димитар Спасов а мотивот за убиството според него е дека неговата мајка менувала многу мажи. Нада Спасова работела како хигиеничарка, а неговиот татко кој работел како заболекар бил починат пред неколку години.
На неговиот фејсбук профил тој уште синоќа напишал дека ја убил мајка му, а како причина тој наведува дека таа одела со други мажи, па сакал да ја спаси. Тој уште по убиството напишал синоќа дека „ја завршил работата“ а другарите кои го приметиле тоа пријавиле во полиција.
Ова пораката што ја објавил синоќа во 22 часот на сликата со неговата мајка.
Спасов кој бил спортист, живеел сам со неговата мајка. Меѓу пораките што ги пишувал по убиството синоќа е и оваа.
„Фала ви на сите, г…а, еве ви ја, ја заклав, ја угушив..али поише ми беше додека“..
Спасов по убиството напишал и порака инспирирана од Lil Wayne и песната „Mirror“
Можам да кажам дека мисијата е завршена и значи огледсалото ми било најголемиот шпион камера??? Блиц, папарации, хахахах. Фала Јана те сакам дојди по мене оти почна веќе сите да бегаат не знам од кој да почнаммммммм???? Дојди покажи ми го патот, мирен сум сега најумен, кученцеееее не, маченцеееееее..Ѕверрррррррррррр, monster..
Убиецот рано изутрина беше откриен како се обидува да го фрли телото во контејнер, по што полицијата го уапси. Нада Спасова беше целата со убоди во вратот, стомакот и градите, а крвта од убиството по целиот стан и зградата каде што живееле во Неготино.