ВИДЕО: Екс вработените во Славија чекаат до понеделник

Од:

Екс вработените во АД „Славија“ доцна попладнево заминаа од пред зградата на Управата на фирмата. со ветување дека во понеделник ќе се сретнат со директорот на Агенцијата за управување со одзмен имот, Земри Ќамиљи, со владиниот повереник и со претставници на Хелсиншкиот комитет.

Поранешните вработени и денеска пред Управната зграда на фирмата протестираа и бараа да им се дадат парите кои им ги должи „Славија“.

Пред фирмата беа поставени барикади кои луѓето што протестираа ги отстранија на сила.

Пет милиони евра за 39 неисплатени плати, придонеси и камата, е долгот кон 1.300 вработени. Судот има пресудено во нивна корист, но државата доцни со исплатата, велат поранешните вработени.

По завршувањето на протестот доцна попладнево тие кажаа дека им било ветено дека ќе се исплатат 39 плати, а спорно е што не сакале да им ги исплатат и каматите.

Вработените се заканија доколку и понеделник нема резултат, ќе преминат кон радикални чекори.

Би можело да ве интересира

Атина: Повеќе од 50 лица вооружени со палки упаднаа на еден собир и фрлија молотови коктели

Париз не се откажува од солзавецот и шок-бомбите: Полицијата мора да се брани

(ВИДЕО) Полицијата со палки ги растера демонстрантите во Лисабон, отстранети се десетици шатори

(ВИДЕО) Најмалку 325 лица се уапсени на пропалестински протест во Лондон

Француската левица повикува на нов бран протести: „Министерот не е тој што треба да одлучува“

(ВИДЕО) Протести во Рим: Демонстрантите фрлаа шишиња кон полицијата, таа возврати со водени топови и солзавец