Еколошкото друштво „Еко – живот“ ќе пориби со пастрмка три реки на Кожуф

Од:

Порибување на трите реки во пазувите на Кожуф со пастрмка, реките Бошавица и Мрежичка и Рожденската Река, е дел од програмата за работа за оваа година на еколошкото друштво „Еко-живот” од Кавадарци.

Претседателот на друштвото Роберто Паризов денеска информираше дека продолжуваат со еколошката мисија.

– Ќе се врши чистење на депонии, едукации на граѓаните, соработка со училиштата со цел да добијат зелени еколошки знаменца, пошумување во рамки на можностите, рече Паризов за целите кои си ги поставиле.

Тој нагласи дека за реализирање на прогамата им е неопходна и помош од локалната самоуправа, а веќе ја доставиле програмата за работа до општината.

Би можело да ве интересира

Шукова: Еколошка катастрофа и труење на реките, храната под ризик

Предраг Петровиќ

Еко-манипулација: Новите рудници ќе работат под еколошки стандарди и се ќе биде чисто, зелено и еколошки

Предраг Петровиќ

АУЕ-ФОН со еко-акција „МЛАДИТЕ ЗА ПРИРОДАТА“, за подигнување на свеста за заштита на животната средина

А1он

Худолин: Зелениот договор треба да биде вклучен во секоја сфера

А1он

Дислокацијата на тешката индустрија е логичен почеток за новиот ГУП – експертите за планот на Шилегов

Предраг Петровиќ

Истражување: Размножувањето на египетските мршојадци во заробеништво клучно за нивното преживување, на Балканот регистрирани само 46 пара

Ана Ололовска