Еколошко-хуманитарната акција „Од народ за народ“, по барање на граѓаните на урбаните заедници, ќе биде повторно активирана денеска и утре во Прилеп со цел да им помогне на семејствата кои спаѓаат во социјално ранливите категории.
Ќе се донира облека, обувки, мебел и куќни апарати кои се функционални и кои на други семејства ќе им бидат од корист.